Поевтинуваат становите во Скопје, поскапуваат во внатрешноста

Bez autora
Dec 03 2013

Становите поевтинуваат во Скопје, но поскапуваат во помалите градови низ земјава. По континуираниот раст од неколку години, во моментов просечната цена на станбениот квадрат во земјава малку се намали и сега е 799 евра, анализира светскиот интернет-портал за недвижности „Глобал проперти гајд“. Според порталот, македонскиот пазар на недвижности повторно слабее по краткото закрепнување во 2011 година. Просечната цена на становите во земјава генерално се намалила за 0,4 отсто. Тоа намалување најмногу се должи на поевтинување на становите во Скопје за 0,5 отсто, при што сега тие просечно се продаваат за 939 евра за квадратен метар. За разлика од Скопје, становите во другите македонски градови поскапеле за 4,9 отсто и достигнале 693 евра за квадратен метар.

Поевтинуваат становите во Скопје, поскапуваат во внатрешностаСтановите поевтинуваат во Скопје, но поскапуваат во помалите градови низ земјава. По континуираниот раст од неколку години, во моментов просечната цена на станбениот квадрат во земјава малку се намали и сега е 799 евра, анализира светскиот интернет-портал за недвижности „Глобал проперти гајд“.

Според порталот, македонскиот пазар на недвижности повторно слабее по краткото закрепнување во 2011 година. Просечната цена на становите во земјава генерално се намалила за 0,4 отсто. Тоа намалување најмногу се должи на поевтинување на становите во Скопје за 0,5 отсто, при што сега тие просечно се продаваат за 939 евра за квадратен метар. За разлика од Скопје, становите во другите македонски градови поскапеле за 4,9 отсто и достигнале 693 евра за квадратен метар.

Анализирајќи ја првата половина на годинава, „Глобал проперти гајд“ објавува дека во јуни биле издадени 27,7 отсто помалку градежни дозволи од истиот период претходната година, но истовремено бројот на одобрени станбени кредити пораснал за 11,5 отсто. Така, вкупната вредност на станбените кредити во јуни достигнала 333,4 милиони евра. Податоците покажуваат дека само мал дел од земените кредити се хипотекарни, односно тие зафаќаат само 4,3 отсто од македонскиот БДП. Сепак и оваа бројка е благо зголемена во однос на таа од 2010 година, кога хипотекарниот пазар зафаќал 3,6 отсто од БДП.

Народната банка на Македонија (НБМ) пред извесно време објави дека цените на становите во земјава благо пораснаа во изминатите три месеци, по континуирано намалување од речиси две години. И покрај благиот пораст на цените, тие се уште се пониски од тие на почетокот на 2012 година. Статистичките податоци на НБМ покажуваат дека становите биле најскапи во 2008 година, по што почна нивната постепена стабилизација. Денес станбениот квадрат се продава просечно за 991 евро, за разлика од пред две-три години кога чинеше 1.165 евра.

Прогнозите на експертите за недвижности се дека цените на становите во Скопје ќе паѓаат до крајот на годинава, а се очекува да се стабилизираат некаде во втората половина на 2014 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik